Време е повторно да преземеме акција! Време е да ја преземеме судбината на нашиот свет во наши раце. Сите се согласуваме дека процесот на планетарно ослободување трае предолго. Ова е наша шанса колективно да го забрзаме процесот. За таа цел, ја користиме приликата за време на сончевото затемнување, на 21-ви август, за создавање на портал, преку кој ќе ја обединиме нашата свесност и ќе го просветлиме енергетското поле околу планетата.
Пренесете! Споделете насекаде во светот. Ве молам објавете на вашите интернет страни и блогови. Поканете спиритуални групи да ни се приклучат. Доколку знаете некои алтернативни медиуми, може да им го испратите.
Научни студии ги имаат потвредно позитивните ефекти на масовните медитации врз човечкото општество, така што секој од вас што ќе учествува во оваа медитација, всушност помага “настанот” и “целосното обелоденување” да бидат поблиску до нас.
http://ift.tt/2avYODy
http://ift.tt/1hQiEp3
Оваа медитација им помага на светлосните сили да ја закотват енергијата на светлината на површината на планетата, што е потребно за забрзување на процесот на целосно “обелоденување” и вознесение. Бројот на луѓе кои што ќе ја прават оваа медитација е еден од највлијателните фактори во рамките на моќта на човечката популација на површината, за забрзување на процесот.
Ние можеме да ја достигнеме критичната маса од 144 000 луѓе кои ќе ја прават оваа медитација! Ова ќе создаде масивна, исцелителна, повратна верижна реакција во енергетското поле во светот. Фокусот ќе биде Америка, каде е потребно најмногу лекување.
Ова ќе биде прво затемнување после 1918, чија патека врви низ континентална Америка. Ова затемнување е одлична можност за нас да донесеме одлука за создавање единство. Единство на разбудени поединци е најмоќниот катализатор за ослободување на планетата. Поради оваа причина, јас, Кори Гуди и многу други луѓе се приклучуваме кон силите, за да се создаде критична маса од најмалку 144000 луѓе кои ќе ја прават оваа медитација.
Заедничко Cobra/Corey (Кори Гуди) интервју беше снимено особено за оваа пригода и ќе биде објавено за неколку дена.
Мапата покажува дека луѓето во западниот дел на САД, имаат најголема веројатност да го видат затемнувањето.
Ние ќе ја правиме оваа медитација во моментот на максимумот од сончевото затемнување, во понеделник, 21-ви август, во 11:11 часот PDT во Лос Анџелес. Ова е еднакво на 8:11 ЕЕТ (источно европско време во Каиро, 20:11 во Париз, 19:11 во Лондон, 14:11 EDT во Њујорк, 13: 11 Чикаго, 12:11 Денвер и вторник, 22-ри август, во 2:11 наутро во Тајпеј. (Тоа е 20:11 по македонско време).
Може да го проверите времето на медитацијата за вашата временска зона овде:
http://ift.tt/2u0Y91T
Инструкции:
1. Користете сопствена техника за да се доведете во релаксирана состојба на свеста.
2. Вашата намера нека биде насочена, оваа медитација да се искористи за забрзување на процесот на хармонија и единство на планетата земја и нејзините жители.
3. Визуелизирајте столб светлина, еманирајќи од централното галактичко сонце, минувајќи низ сите точки на светлина внатре во нашиот сончев систем, низ затемнетото Сонце и Месечина, а потоа низ вашето тело, се до центарот на Земјата. Визуелизирајте друг столб светлина како се подига од центарот на Земјата, потоа низ вашето тело и нагоре кон небото, кон сите суштества на светлината во нашиот сончев систем и нашата галаксија. Вие седите во два столба светлина, а светлината тече истовремено, нагоре и надолу. Задржете ги овие столбови светлина активни неколку минути.
3. Сега визуелузирајте мека, розова, исцелителна, боженствена женска енергија, лекувајќи ги сите луѓе на планетава од нивните трауми од минатото, носејќи мир, хармонија, разбирање, изобилие и единство. Визуелизирајте како оваа розова светлина ги лекува умовите и срцата на сите луѓе во светот. Гледајте ги сите светлосни работници, светлосни воини и носители на вистината како обединето работат во создавањето на Новата Земја. Гледајте ги луѓето на Земјата како слават и радосно учествуваат во создавањето на новата реалност, каде секој ќе добие она што му е потребно и слободно ќе живее, според сопствената волја.
Препорачаното време за медитација е 15 минути.
Божицата сака единство и единство ќе биде!
Новости во врска со обединувачката медитација:
http://ift.tt/WWpWw3
View on YouTube