https://www.youtube.com/watch?v=XdqDf808VP0
Оваа медитација им помага на светлосните сили да ја закотват енергијата на светлината на површината на планетата, што е потребно за забрзување на процесот за решавање на ќор-сокакот помеѓу светлината и мрачните сили, и конечно ослободување на човештвото. Бројот на луѓе кои ќе ја прават оваа медитација е единствениот највлијателен фактор во моќта на површинската човечка популација за забрзување на процесот.
Ние можеме да ја достигнеме критичната маса од 144.000 луѓе што ќе ја прават оваа медитација! Ова ќе создаде масивна верижна реакција во енергетското поле во светот. Светлосните сили ќе се фокусираат на целиот американски континент (Северна и Јужна Америка), кој целосно ќе биде покриен од затемнувањето:
http://bit.ly/2v6UAXo
Астролошката карта за нашата медитација покажува моќен Гранд квадрат меѓу конјунктот на Месечината и Месечевиот чвор (Lunar Node) во опозиција со Сонцето и Меркур, и во квадрат со Уран, Ерис и Палас. Повеќе планети во оваа карта прават бројни моќни аспекти (околу 20 аспекти во целост!) во однос со Галактичкиот центар, Плејада и Сириус. Оваа моќна конфигурација создава точка на максимална напнатост која се ослободува во голем космички пробив.
Во тој момент, Космичкото Централно Сонце ќе испрати огромен пулс на светлината низ целото Создание. Овој пулс ќе биде иницијатор за почетокот на конечното отстранување на целата темнина од Созданието и за активирање на почетокот на подготовките за новиот космички циклус.
Светлосните сили имаат одреден план за овој ден и тој план ќе се открие само по завршувањето на медитацијата.
Целта на нашата медитација е да се зацврсти што е можно повеќе Светлина на површината на планетата.
Ние ќе ја правиме оваа медитација во моментот на максимумот на затемнувањето на месечината во понеделник, 21 јануари во 00:11 часот EST во Њујорк. Ова е еднакво на 2:11 часот JST во Токио, 13:11 CST во Тајпеј и Пекинг, 7:11 по EET во Каиро, 6:11 часот наутро во Париз, 05:11 GMT во Лондон. Во централниот и западниот дел на САД се уште ќе биде недела, 20 јануари, а времето ќе биде: 23:11 CST во Чикаго, 10: 11 часот MST во Денвер и 9:11 часот PST во Лос Анџелес.
Можете да го проверите времето на медитацијата за вашата временска зона овде:
https://www.timeanddate.com/worldclock/fixedtime.html…
Инструкции:
1. Користете сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свесноста.
2. Вашата намера нека биде насочена, да ја искористите оваа медитација, како средство за доведување на светлината на површината на планетата.
3. Визуелизирајте столб од брилијантна бела светлина, која произлегува од Космичкото Централно Сонце, поминувајќи низ Централните Сонца на сите галаксии во овој универзум. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина, како влегува низ Централното Галактичко Сонце, поминувајќи низ Алконе Плејаданската ѕвездена порта, потоа поминувајќи низ Сириус ѕвездената порта, потоа навлегувајќи во нашиот сончев систем, поминувајќи низ сите суштества на светлината во нашиот сончев систем, потоа низ сите суштества на планетата Земја и на крајот, преку вашето тело, до центарот на Земјата.
4. Визуелизирајте ја оваа светлина, како ја трансформира сета преостаната темнина во овој Универзум, се додека не остане само светлина. Визуелизирајте го започнувањето на новиот голем космички циклус, донесувајќи чиста светлина, љубов и радост за сите битија во целиот Универзум.
5. Кренете ги рацете над вашата глава и започнете да го ротирате вашето тело во правец на стрелките на часовникот.
6. Додека го правите тоа, пејте ја мантрата “ИИИИ” вибрирајќи низ вашето тело и визуелизирајте го вашето тело, како се претвора во брилијантен столб светлина, со милиони ѕвезди обоени со боите на виножитото, расфрлани во рамките на тој столб на светлина.
3. Продолжете да ја пеете мантрата и да ротирате. После неколку минути, спуштете ги рацете близу вашето тело и продолжете да ротирате во насока на стрелките на часовникот.
4. Додека го правите тоа, започнете да пеете мантра “ЕЕЕААА”, така што ќе вибрира низ вашето тело и визуелизирајте виор од светлина во боите на виножитото, проширувајќи се од вашето срце, надвор низ целата планета.
Овој вортекс со боја на виножито го повикува присуството на вашите двојни (пламен) души, сродни души, духовни фамилии, вашите духовни водичи, вознесени мастери, Плејаданци, ангели, делфини и други суштества на светлината. Визуелизирајте ги вашите двојни души, сродни души и вашите духовни фамилии, како се будат и се спојуваат со вас во Едно битие, во мандала на светлината.
Предложеното време за нашата медитација е 20 минути.
Божицата сака светлина и светлина нека биде!
Новости за враќање на светлината:
http://bit.ly/WWpWw3
Prepare for change Macedonia (Facebook)
View on YouTube